5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Крадци во Франција со години ограбувале патници во возовите

Крадците со перики, кои украле предмети вредни 300.000 евра од прва класа на француски патнички воз, се уапсени и одредена им е притвор.

Се верува дека тие украле багаж од патниците до кои седеле додека патувале по брзата железница во Франција.

Се претпоставува дека мажот (57) носел женска перика, а покрај него уште двајца мажи на возраст од 40 и 47 години признале дека краделе пет-шест години, пренесоа француските медиуми.

Се претпоставува дека украдените предмети ги чувале во стан на југот на Марсеј.

Наводно, предметите ги краделе на паузите на станиците, кога сопствениците излегувале на пура или оделе да ги испружат нозете.

Полицијата за кражбите била известена во април, кога патник пријавил дека му бил украден куферот во кој имало накит вреден 50.000 евра.

Четири месеци подоцна, полицијата откри куп украдени предмети во стан во Марсеј.

Пронајдени се 130.000 евра во кеш, 70.000 рачни часовници, брендирани чанти, чевли, фотоапарати и накит.

Локалната полиција верува дека повеќе од 100 луѓе се ограбени и сега се обидуваат да ги пронајдат патниците кои биле жртви на кражбите, возејќи на релација Париз, Женева и Ница.

Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до седум години.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Приведени двајца крадци во скопско, украденото вратено на сопственикот

M T

Фатени крадци на дело во Прилеп, следува соодветна пријава

M T

Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

M T

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T