Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

НУРЕДИНИ: Очекувам првите количини на линдан безбедно да стигнат во Франција

Со посебно задоволство ја објавивме веста дека првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција.

Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од поранешниот индустриски гигант Охис.

Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант Охис, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршена подготовката за транспорт што подразбира пакување и товарење и самото транспортирање.

Целиот процес се водеше со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција и сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација.

Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортиртани од државата со што завршуваат активностите опфатени со ГЕФ проектот што се реализира преку УНИДО. Но, ископот во континуитет ќе продолжи со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС во сорабoтка со UNOPS.

Можеби ќе ве интересира

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

C +

ЕВН Македонија го пушти во употреба првиот батериски систем за складирање на енергија

C +

Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија

C +