7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Забава на хрватскиот остров Паг предизвика „увоз“ на корона во Австрија

Откако минатата недела околу 19.000 луѓе од Австрија присуствувале на музички фестивал во Хрватска, многумина се вратиле во Австрија заразени со коронавирус.

Во седум од деветте австриски покраини се регистрирани заболени кои се вратиле од хрватскиот остров Паг, а досега ги има повеќе од 100.

Експертите веруваат дека бројот на заразени лица кои се вратиле од тој фестивал во Австрија е далеку поголем, затоа посетителите на фестивалот се јавно повикани на тестирање.

Станува збор за фестивалот „Austria goes Zrce“, што се одржа на островот Паг, каде забавата продолжи и откако 21-годишен Австриец се удави во морето.

Агенцијата за здравје и безбедност на храна (AGES) апелираше до сите луѓе што беа на фестивалот да бидат тестирани, а имајќи го предвид големиот број учесници, се претпоставува дека кластерот Паг е огромен.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Пукање на забава во Милано, едно лице загина друго е рането

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T