4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање на забава во Милано, едно лице загина друго е рането

Карабинерите уапсиле Албанец (34) под сомнение дека синоќа во Милано убил албански државјанин (23) и ранил друг (30) во ногата.

Пукањето и убиството се случиле синоќа во Милано за време на забава.

Според италијанските медиуми, убиецот и жртвите се албански државјани и биле на забава со други сонародници кога дошло до конфликтот.

После тоа, 34-годишникот пукал и убил едно лице, а ранил уште едно лице.

Тој е уапсен, а полицијата истражува како се случила трагедијата.

За време на расправија, која избила за време на забава, Албанец пукал во 30-годишен маж – исто така Албанец – ранувајќи го во потколеницата.

Присутните го опколиле напаѓачот кој испукал други истрели, од кои едниот погодил 23-годишен Албанец. Починал неколку часа подоцна во болница.

Повредениот е хоспитализиран, а напаѓачот кој бил удрен неколку пати од учесниците на забавата бил блокиран од карабинерите по што бил приведен.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Марсеј: Напаѓачи отвориле оган врз возило, има мртви

M T

Пукање во супермаркет во Орегон, најмалку три лица загинаа меѓу кои и напаѓачот

M T

Пукање во забавен парк во Чикаго, повредени три лица

M T

Две лица загинаа во пукање во црква во Алабама

M T

Пукање во Калифорнија, три лица загинаа

M T

Две лица загинаа, а четворица се повредени во пукање во ноќен клуб во Индијана

M T