17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водни топови

Грчката полиција употреби солзавец и водни топови во Атина за да ја растера толпата што протестираше против вакцинацијата против коронавирусот.

Околу 1.500 луѓе учествуваа вчера на протест пред парламентот против планот на Грција за вакцинација против Ковид – 19. Протестот минатата среда привлече повеќе од 5.000 луѓе, јавија локалните медиуми.

Протестите беа поттикнати од владината одлука за задолжителна вакцинација на здравствените работници и вработените во старечки домови. Владата предложи на есен да се вакцинираат и други групи, како што се наставниците.

Бројот на заразени лица во Грција расте во последните неколку недели. Вчера властите забележаа скоро 3.000 нови случаи, со што вкупниот број на заразени лица се искачи на 463.473 од почетокот на пандемијата. Повеќе од 12.800 луѓе починаа.

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Масовни протести поради економската криза во Аргентина

M T

Пекинг воведе задолжителна вакцинација против ковид – Кој сака во градот мора да се вакцинира

M T

СДСМ: Протестите не се против францускиот предлог туку неуспешен обид за рушење на Владата

M T