3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСИЗБОР

СЗО: До крајот на август делта-сојот ќе стане доминантен во Европа

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, предупреди дека е потребна масовна вакцинација за да се спречи есенскиот бран на епидемијата и предупреди на ризикот од ширење на делта-сојот.

„По 11 недели пад на бројот на новозаболени во Европа, повторно имаме раст како резултат на делта-сојот на вирусот, кој ќе стане доминантен до крајот на август, но за разлика од минатата година имаме ефикасни вакцини и можност да избегнеме понатамошно влошување“, рече Клуге по посетата на еден од центрите за вакцинација во Љубљана, Словенија.

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, предупреди на важноста Словенија да ја забрза вакцинацијата бидејќи досега две дози примиле нешто малку повеќе од една третина од населението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Австриски експерт: Леденото доба и хаосот во Европа ќе траат до 2030-та година

M T

Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија

M T