12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Бајден: Ве молам примете вакцина, борбата против вирусот не е завршена

Ако сте вакцинирани, заштитени сте, ве молам, вакцинирајте се, порача американскиот претседател Џо Бајден од Белата куќа, зборувајќи за планот за вакцинација.

Тој ја упати оваа порака неколку дена откако не беше исполнета целта 70% од граѓаните да бидат имунизирани со најмалку една доза до Денот на независноста, 4 јули.

„Америка се враќа и се спојува. Борбата против вирусот не е завршена. Милиони граѓани не се вакцинирани. Ова станува голема грижа поради делта варијантата на вирусот, кој е полесен за пренесување и е поопасен“, рече Бајден, додавајќи дека 160 милиони луѓе ќе бидат вакцинирани до крајот на неделава, пренесува „Гласот на Америка“.

Американскиот центар за контрола и заштита на болести во петокот објави дека 67 проценти од Американците примиле една доза вакцина против Ковид-19, а 47 проценти од граѓаните примиле две дози.

Бајден прогласи делумна победа за време на церемонијата на Денот на независноста во неделата вечерта во Белата куќа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Октомври посветен на борбата против рак на дојка – Продолжува националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка, се набавуваат нови мамографи за ЈЗУ во државата

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Бајден: Никогаш нема да го заборавиме 11 септември

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T