12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Делта варијантата се шири со сè побрзо темпо

Делта варијантата на коронавирусот може да биде одговорна за 90% од новите инфекции во ЕУ до крајот на август, предвидува Здравствената установа на Европската унија (ECDC).

„Многу е веројатно дека варијантата делта значително ќе циркулира во текот на летото, особено кај помладите луѓе кои не биле вакцинирани“, вели Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Ова го зголемува ризикот од поранливи лица да се заразат, сериозно да се разболат или да умрат ако не се целосно вакцинирани.

Здравствената институција ЕЦДЦ со седиште во Стокхолм проценува дека варијантата делта, која за прв пат е откриена во Индија, е за 40 до 60 проценти позаразна од алфа варијантата, која за прв пат беше идентификувана во Велика Британија и во моментов е доминантна во Европската унија. За да се спротивстави на ширењето на делтата варијанта Б.1.617.2, „многу е важно да се продолжи со кампањата за брза вакцинација“, според ЕЦДЦ. Околу 30 проценти од населението постаро од 80 години и околу 40 проценти над 60 години во ЕУ, сè уште не се целосно вакцинирани.

За жал, досегашните откритија покажуваат дека луѓето кои примиле само една доза моментално достапни вакцини, можат да се заразат со делта верзијата, рече Амон.

Добрата вест е дека двете вакцини нудат високо ниво на заштита од таа варијанта и нејзините последици.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T