17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Кинеските бродови не ја напуштаат спорната територија, Јапонија протестира

Официјален Токио испрати протест до Пекинг во врска со влегувањето на кинески бродови на јапонска територија во близина на источните кинески острови, околу кои се спорат двете земји.

Бродовите веќе три дена одбиваат да ја напуштат територијата, соопштија јапонските власти.

Два кинески брода влегле на териториите што Јапонците ги сметаат за свои, а потоа се доближиле до јапонски рибарски брод.

На јапонскиот брод имало тројца членови на екипажот, а Кинезите ги игнорирале предупредувањата да ја напуштат територијата, објави јапонската крајбрежна стража.

Се додава дека кинеските пловни објекти ги прекршиле правилата во областа Сенкаку, која е под контрола на Јапонците, а Кинезите го нарекуваат тој дел Дијаоју и го сметаат за нивна територија.

Секретарот на јапонската влада Катсунобу Като изјави денес дека чинот на Кина е за жалење и дека двата брода сè уште се во јапонските територијални води.

„Ние силно протестираме против нивниот влез на нашата територија, копно и воздух“, додаде Като.

Јапонската влада соопшти дека островите се во нивна сопственост уште од 1890 година и дека сè е официјализирано со меѓународното право.

Токио тврди дека Кинезите започнале да ги присвојуваат островите околу 1970 година, кога таму биле пронајдени наоѓалишта на нафта.

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T