8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, заедно со министрите за надворешни работи на Јапонија и Јужна Кореја, остро го осудија севернокорејското истрелување на балистичка ракета над Јапонија, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Тројцата, исто така, го осудија непочитувањето на резолуциите на Советот за безбедност на ОН од страна на Северна Кореја и дестабилизирачките последици за регионот, рече портпаролот Нед Прајс.

Блинкен истакна дека посветеноста на Америка за одбрана на Јужна Кореја и Јапонија останува силна и ја повтори важноста од блиска трилатерална соработка за да се бара одговорност од Северна Кореја за нејзиното неприфатливо однесување.

Медиумите потсетуваат дека денеска, за прв пат по пет години, нуклеарно вооружената Северна Кореја истрела балистичка ракета над Јапонија.

Јапонската влада издаде предупредување до граѓаните да се засолнат додека проектилот прелета над земјата, пред да падне во Тихиот Океан.

„Серијата акции на Северна Кореја, вклучително и повторените лансирања на балистички ракети, ги загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница и претставуваат сериозен предизвик за целата меѓународна заедница, вклучително и Јапонија“, изјави владиниот портпарол Хирозаку Мацуно. Недолго потоа, јапонскиот премиер го нарече чинот на Пјонгјанг варварски.

Главниот штаб на јужнокорејската армија објави дека се чини дека станува збор за ракета со среден дострел лансирана од севернокорејската провинција Јаганга.

Јапонската телевизија Асахи, повикувајќи се на неименуван извор од владата, објави дека ракетата паднала на околу три илјади километри од Јапонија.

Поради севернокорејската ракета во прекин е железничкиот сообраќај во северните региони на Јапонија. Ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T