13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација на луѓето на островот Хокаидо и го прекинаа железничкиот сообраќај во тој дел од земјата, јапонското Министерство за одбрана нареди борбените авиони Ф15. да полетаат за да ги пронајдат остатоците од проектилот, пренесуваат локалните медиуми.

Откако утринава добил дојава за лансирање, министерот за одбрана наредил да се пребара теренот.

Според информациите, Северна Кореја ја лансирала ракетата во 7:22 часот по локално време. Се верува дека проектилот ја прелетал префектурата Аомори и паднал во Пацификот околу 7:44 часот.

Веднаш е испратена порака до граѓаните да се евакуираат и да се повлечат во прифатилиштата.

– Северна Кореја лансираше ракета. Ве молиме евакуирајте се во згради или подземни премини, се вели во пораката на јапонската влада објавена во 7:29 часот по Токио.

– Ова е сериозна и непосредна закана за безбедноста на нашата земја. Ова ги загрозува мирот и безбедноста на регионот и меѓународната заедница и претставува сериозна закана за целата меѓународна заедница. Тоа е предизвик – рече главниот секретар на кабинетот на премиерот, нагласувајќи дека јапонската влада упатила силен протест против Северна Кореја преку нејзината амбасада во Пекинг.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Јапонија донира 61.801 евра на универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

M T

Јапонија тројно го зголеми увозот на руски гас

M T

Извршена смртна казна во Јапонија, погубен маж кој убил седум луѓе

M T