14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Министерот Филипче

ВМРО-ДПМНЕ побара од министерот за здравство, Венко Филипче да си поднесе оставка поради тоа што, според опозицијата, не е способен да се бори со епидемијата на коронавирус.

„Филипче да си поднесе оставка наместо да префрла вина, неговата неспособност граѓаните ја плаќаат со животи.

Венко Филипче за својата неспособност и за катастрофалната епидемиолошка состојба во Македонија постојано се обидува да бара виновници во друг, само не во самиот себе.

Еднаш тоа е опозицијата, друг пат угостителите, а сега ги обвинува граѓаните. Срамно и бедно.

Народот не е виновен за тоа што оваа мафијашка власт времето го поминуваше во криминал, корупција и предизборен поткуп.

Имаа 8 месеци да се подготват за вториот бран или барем да ја стабилизираат епидемиолошката слика во земјата. Сега кога се соочува со својот и владиниот неуспех, кога се случува колапс на здравствениот систем безобразно ги обвинува граѓаните.

За жал додека тој од ден во ден смислува изговори луѓе умираат од вирусот а болниците се полнат со стотици нови заболени на дневна основа.

Ако има барем малку доблест Венко Филипче и целата Комисија за заразни болести треба да поднесат неотповиклива оставка, барем од морален чин. Со корона кризата треба да се борат луѓе експерти, а не партиски и политички послушници на Заев.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T