Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца дилери на дрога

На 09.10.2020 околу 21.30 часот на автопатот Миладиновци – Штип, кај клучка Север, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, ги лишиле од слобода Ф.А.(19) и А.Н.(20), двајцата од Штип, затоа што при преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.А., а сопатник бил А.Н., била пронајдена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК