Идеални за изненадни гости или кога не сте расположени за долга подготовка…
Состојки:
лиснато тесто
доматен сос или кечап
сувомеснато по желба
кашкавал
пармезан
оригано
босилек
лук во прав или други зачини по желба
Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 180 степени. Исечете го лиснатото тесто на кругови, па на средина на секое парче ставете лажица доматен сос или кечап, а преку сувомеснато. Потоа исечете парче кашкавал и ставете го преку сувомеснатото. Полека спојте ги краевите од тестото.
Свртете ги погачиците на другата страна и премачкајте ги со јајца разматени со малку млеко. Пред печење посипете со оригано, лук во прав, ситно сечкан босилек, сусам или мешавина од зачини по избор.
Погачиците наредете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во загреана рерна. Печете околу 20 минути, додека не поруменат.
Готовите погачици посипете ги со пармезан и послужете.
Добар апетит!