Десет годишно момче во Конектикат завршило во болница откако во неделата било нападнато од црна мечка во дворот на неговиот дедо.
Властите по нападот извршија евтаназија на мечката. Инцидентот се случил околу 11 часот во Морис, град со околу 2.200 жители.
Дедото и соседот на момчето се обиделе да ја избркаат мечката удирајќи ја со цевки. 10-годишното момче било хоспитализирано, но не се здобило со повреди опасни по живот.
Популацијата на црните мечки во Конектикат речиси исчезна до средината на 19 век, но подоцна почна повторно да расет. До 1980-тите имаше приближно константен број, но подоцна бројот на овие животни повторно почна да расте. Се проценува дека сега во државата има меѓу 1000 и 1200 црни мечки.
Спонзорирано: