10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

Најмалку седум лица загинаа, а има и исчезнати во катастрофалните поплави што ја зафатија Италија, по поројните дождови. Меѓу исчезнатите е и мало дете во градот Барбара.

Детето било со својата мајка во автомобил кој се заглавил во водата. Мајката успеала да излезе од возилото со детето во раце, но во еден момент го изгубила. Спасувачите успеале да стигнат до неа и да ја спасат во текот на ноќта, но од детето немало трага.

Десетици возила се однесени од поројните дождови што го погодија италијанскиот регион Марке, објавија италијанските медиуми.

Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“, а околу 400 мм дожд паднале во рок од два до три часа, што донело големи проблеми на улиците во неколку градови.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат луѓе до половината во вода, додека возилата беа поплавени околу нив.

На снимката објавена од пожарникарите се гледа како спасувачите на улиците се обидуваат да спасат луѓе и да ги евакуираат, додека други се обидуваат да го исчистат хаосот предизвикан од поплавите.

Спасувачите се уште трагаат по преживеани, соопштија властите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

M T

Најмалку 16 загинати во Иран при судир на камион и минибус

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T

Јахта долга 40 метри потона во близина на Италија

M T

Поплави во западна Кина – 16 загинати, повеќе од 30 исчезнати

M T