6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Група мажи силувале Британка во хотел на Родос

Група од пет до осум мажи, наводно, групно силувале Британка во хотел на грчкиот остров Родос.

Жената (31) тврди дека таа и нејзините пријателки ги запознале мажите од Белгија во ноќен клуб во приморското одморалиште Фалираки.

Таа рекла дека мажите – на возраст меѓу 30 и 35 години – потоа ја однеле неа и нејзините пријателки во нивната хотелска соба во Фалираки.

Британката и рекла на полицијата во Грција дека имала консензуален секс со еден од мажите на балконот од хотелот и во собата.

Таа рече дека во еден момент нејзините пријателки ја напуштиле собата.

Жената тврдела дека група мажи потоа ја нападнале и групно ја силувале.

На полицијата и рекла дека побегнала од хотелот и со такси се вратила до местото каде што престојувала.

Жената го пријавила наводното групно силување во полиција во понеделникот наутро во 7 часот по локално време.

Полицијата во Родос започна истрага и оттогаш уапси четворица Белгијци, на возраст од 31, 31, 32 и 35 години, кои не се именувани.

Британката ги идентификувала сите четворица мажи како нејзини наводни силувачи.

Инспекторите зеле примероци на ДНК од четворицата мажи, додека полицијата продолжува да трага по други осомничени.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мажите родени во овие три хороскопски знаци не сакаат брак

M T

Мажите кои имаат ЛУЗНА се најпривлечни за жените, а една работа е пресудна

M T

Пет причини зошто жените избираат доминантни мажи: ЧЕТВРТАТА може да биде КЛУЧНА

M T

Мистеријата конечно е решена: Еве зошто на жените често им е поладно отколку на мажите

M T

ЖЕНИТЕ ГО ОТКРИВААТ МАГИЧНИОТ БРОЈ: Ова е нивната идеална големина на МАШКОСТ, а СЕ ПОД ОВИЕ БРОЈКИ Е ПОНИЖУВАЧКИ

M T

Откриено зошто мажите никогаш не велат „НЕ“ на сексот, дури и кога не им е до тоа

M T