11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: ОВР Делчево 76 реконструирани објекти, опремена и задоволна полиција – вистински сервис за граѓаните

Денеска министерот за внатрешни работи го посети 76-иот реконструиран објект – ОВР Делчево, каде што заедно со дел од раководството и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски извршија увид во реализираните реконструкциски работи на овој објект.

„Денеска во рамки на работната посета направивме увид на 76. реновиран и саниран објект на ОВР Делчево, уште еден значаен градежен проект во рамки на реализацијата на концептот за материјално-техничко унапредување на функционирањето на полициската служба во сите нејзини домени. Проект што веќе неколку години наназад со претходно зацртана динамика го реализираме низ целата држава: Опремена и задоволна полиција – вистински сервис за граѓаните“, истакна министерот Спасовски.

Спасовски образложи дека ОВР Делчево е целосно саниран во сите градежни аспекти со средства од буџетот на Министерството во висина од околу 20 милиони денари, почитувајќи ги притоа сите современи градежни стандарди, вклучително и стандардите за енергетска ефикасност, а во насока на драстично подобрување на условите на секојдневно работење на полициските службеници од оваа организациона единица и се разбира во интерес на граѓаните и услугите што полицијата како нивен сервис ги остварува.

„Овде би сакал да го спомнам и проектот „Сината униформа дејствува за зелена околина“, каде што со цел заштеда на електична енергија поставуваме соларни панели на 15 објекти на МВР од кои еден е токму зградата на РЦ Исток со што имаме заштеда до 33% проценти од електричната енергија или за илустрација пример 2020 година заштеда од цели 45 милиони денари во споредба со 2017 година.“, потенцираше министерот Спасовски.

„На средбите со колегите од ОВР Делчево И РЦ Исток ги констатиравме одличните резултати и поволна безбедносна состојба, а очекувам позитивниот тренд да продолжи и понатаму. Впрочем, во рамки на таа поволна и стабилна безбедносна ситуација во ова подрачје што важи и во поглед на ОВР Делчево и во поглед на РЦ Исток, колегите овде веќе бележат за првото полугодие од годинава околу 83 проценти ефикасност во расветлување на кривичните дела“, презентираше дел од резултатите на овие организациони единици министерот Спасовски.

Спасовски на крај истакна дека за актуелното раководство на МВР и натаму останува приоритет, постојаното унапредување и подобрување на професионалните, социјалните, техничките услови за работа на полициските службеници со цел креирање поквалитетни услуги за граѓаните.
Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на министерот му додели плакета за успешна соработка и поддршка на Општина Делчево.

Спонзорирано: