25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Три последователни земјотреси утрово ја потресоа Индонезија

Три последователни земјотреси ја погодија денеска Индонезија, првиот регистриран земјотрес беше со јачина од 5,2 степени, а еден час подоцна следеше земјотрес со јачина од 5,4 степени.

Третиот земјотрес беше со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти тамошната геофизичка агенција.

Земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, неколку секунди силно го почувствувале жителите на островот Ментаваи, во главниот град на провинцијата Паданг и во околната планинска област Букитинги, се вели во официјалното соопштение.

Потврдено е дека нема извештаи за жртви, а причинета е помала штета на зградите на островот Сиберут.

Геолошкиот институт на САД (USGS) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 11,9 километри.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во иста просторија Лавров и критичарите на Москва – Украина во фокусот на Г20 во Индонезија

M T

Пожар во караоке бар во Индонезија – 19 лица загинаа

M T

Холандија го зголемува производството на гас, граѓаните стравуваат од земјотреси

M T

Три земјотреси во Грција за 16 часа

M T

По пожарите, два земјотреса ја погодија утрово Турција

M T