13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандија го зголемува производството на гас, граѓаните стравуваат од земјотреси

Компаниите во Холандија се подготвуваат речиси двојно да го зголемат производството на гас во регионот Гронинген поради зголемената побарувачка во Германија и покрај незадоволството на граѓаните од зголемениот ризик од благи земјотреси.

На Германија најверојатно ќе и требаат околу 1,1 милијарди кубни метри гас оваа година.

Холандското Министерство за економија се обиде да ги смири граѓаните кои живеат во близина на наоѓалиштата на гас и се жалат на производството по стотиците главно благи земјотреси и предизвикана штета.

Холандската Влада вети дека ќе престане со производство на гас во Гронинген до крајот на следната година, но Холанѓаните засега имаат договорна обврска да испорачаат гас на Германија.

Холандскиот државен секретар Ханс Вијлсбриф, рече дека ќе лобира кај германското Министерство за економија да ги намали нарачките за гас.

Поранешниот министер за економија Стеф Блок во парламентот изјави дека оваа година во Гронинген ќе треба да се произведат до 7,6 милијарди кубни метри гас, во споредба со првично планираните 3,9 милијарди.

Производството ќе мора делумно да се зголеми поради доцнењето во изградбата на фабрика за азот и поради поголемата германска побарувачка, објасни Блок.

„Ова се случи, меѓу другото, затоа што мерките за заштеда на енергија дадоа послаби резултати од очекуваното“, објасни Блок пред пратениците.

Тој додаде дека во декември му пишал на својот германски колега Роберт Хабек и изразил „сериозна загриженост“ за развојот на ситуацијата, барајќи од него да испита дали „ефектите од поголемата потрошувачка на гас може да се минимизираат“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

Јапонија тројно го зголеми увозот на руски гас

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Чешката влада со одлука да ги ограничи цените на струјата и гасот за да ги заштити домаќинствата од раст на цените

M T