11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

По пожарите, два земјотреса ја погодија утрово Турција

Два одделни земјотреса го погодија југозападниот брег на Турција рано утрово, потврдија официјалните лица.

Агенцијата за управување со катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран во близина на крајбрежниот град Датца, во провинцијата Мугла, во 2 часот по полноќ по локално време, на длабочина од 24,21 километри.

Вториот земјотрес, кој беше со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Егејското Море во 2.56 часот по локално време, на длабочина од 3,19 километри, а епицентарот бил на 45 километри од Датца, соопшти АФАД, пренесуваат турските агенции.

Како што се наведува, засега нема извештаи за жртви и материјална штета во овие земјотреси.

Медиумите потсетуваат дека Турција се бореше со силни шумски пожари претходните денови, а се шпекулира дека биле подметнати.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Три последователни земјотреси утрово ја потресоа Индонезија

M T

Десетгодишно момче подметнувало пожари на Лезбос

M T

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

M T

Активни три пожари во Македонија, најголемиот е на Криволак

M T