17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Во иста просторија Лавров и критичарите на Москва – Украина во фокусот на Г20 во Индонезија

Индонезија денеска ги повикаа членките на Г-20 да помогнат да се стави крај на конфликтот во Украина, на самитот на министрите за надворешни работи на таа група, каде во иста просторија беа некои од најжестоките критичари на руската операција и првиот дипломат на Москва.

На состанокот, на индонезискиот остров Бали, доминираше војната и нејзиното влијание врз глобалната економија, а највисоките претставници на западните земји и Јапонија нагласија дека форумот нема да биде како и вообичаено.

Додека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се ракуваше со својот индонезиски колега Ретно Марсуди на почетокот на средбата, во салата се слушаа извици: „Кога ќе ја завршите војната“ и „Зошто не ја прекинувате војната?“.

Апострофирајќи ги зголемените тензии, Ретно рече дека нејзините колеги од Г7 претходно ја известиле дека не можат да се приклучат на синоќешната вечера за добредојде на која бил присутен Лавров.

„ Наша одговорност е војната порано или подоцна да заврши и нашите несогласувања да ги решаваме на преговарачка маса, а не на бојното поле“ нагласи таа денеска на отворањето на дискусијата.

Наведувајќи ја религиозната различност во Индонезија како пример за тоа како различните вери можат хармонично да коегзистираат, Ретно ги повика дипломатите на Г-20 да пронајдат начин напред за решавање на проблемите што се шират како бранови низ светот. Таа додаде дека последиците од војната, вклучително и зголемувањето на цените на енергијата и храната, најмногу ќе ги погодат земјите со ниски приходи.

Според агендата на самитот, денеска ќе се одржи состанок зад затворени врати на највисоките дипломати на земјите од Г-20, меѓу кои Кина, Индија, САД, Бразил, Канада, Јапонија, Јужна Африка, како и билатерални разговори. на маргините на средбата. Се очекува на средбата да се обрати и украинскиот министер за надворешни работи преку видео врска.

Лавров во четвртокот на Бали имаше средба со својот кинески колега Ванг Ји, на која го пофали Пекинг и остро го критикуваше „отворено агресивниот“ Запад.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Гутереш: Ќе разговарам во Њујорк со Лавров

M T

Лавров: Европските политичари се патетични со тоа што ги ограничуваат визите за Русите

M T

Три последователни земјотреси утрово ја потресоа Индонезија

M T

Блинкен и Лавров разговараа за размена на затвореници

M T

Лавров: Ние сме на почеток на нова ера

M T