17.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тринаесет затвореници убиени во бунт во затвор во Еквадор

Во бунт во затвор во Еквадор загинаа најмалку 13 затвореници, а двајца се повредени, соопшти денеска управата задолжена за затворите, јавуваaт светските агенции.

Инцидентот се случил во затворот Белависта во Санто Доминго, кој се наоѓа на 70 километри југозападно од еквадорската престолнина Кито, каде во мај оваа година во сличен инцидент загинаа 44 затвореници.

Министерот за внатрешни работи на Еквадор, Патрисио Кариљо, изјави дека полицијата работи на контрола на затворот и изрази жалење за страдањата на затворениците. Обвинителството соопшти дека покренало истрага за инцидентот.

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо, не се изјасни за трагичниот настан, но во минатото ги обвини судиите за ограничување на способноста на земјата да се бори против насилството со ограничување на 60-дневната вонредна состојба во затворскиот систем што беше прогласена на крајот од минатиот септември. Вонредната состојба имаше за цел да ја зајакне контролата со воена помош.

Според анализите на медиумите, судирите, се вообичаени во еквадорските затвори, каде што околу 400 затвореници загинаа од февруари 2021 година во услови на зголемено насилство меѓу бандите за шверц на дрога кои водат војна за моќ во и надвор од еквадорските затвори.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Најмалку 15 загинати и 21 повреден во бунт во затвор во Еквадор

M T

Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

M T

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Приведен скопјанец за издржување затворска казна

M T

Приведен крадец во Скопје, ќе биде спроведен во затвор

M T

Приведен крадец во Куманово, спроведен во затвор

M T