27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Лоши вести за времето, детална прогноза за следните 4 дена

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Дневната температура од четврток до сабота ќе биде во постепено опаѓање.

Прогноза за 02.05.2024
Минимална температура: 7°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Прогноза за 03.05.2024
Минимална температура: 6°C до 10°C
Максимална температура: 15°C до 24°C

Променливо облачно со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Прогноза за 04.05.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 21°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.