10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ преговара за уште поостри санкции против Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел се очекува да разговараат за новите санкции против Русија. Меѓу мерките што се разгледуваат е и забраната за купување злато од Русија, потег што САД веќе го повлекоа.

Се очекува дека Европската унија би можела да ги прошири санкциите на повеќе лица поврзани со Русија.

Висок претставник на ЕУ за агенцијата Франс прес изјави дека ЕУ најверојатно ќе разговара за нови санкции на состанокот, но нема да донесе одлука веднаш.

„ Предлагаме да се заострат строгите санкции на ЕУ против Кремљ, да се спроведат поефикасно и да се продолжат до јануари 2023 година. Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија“, рече Фон дер Лајен.

„ Санкциите на ЕУ се остри и силно ја погодуваат (Русија). Ние продолжуваме да ги таргетираме оние блиски до Путин и Кремљ… Исто така, ќе ги претставам предлозите на Советот да се стави список на неколку поединци и организации, со замрзнување на нивните средства и ограничување на можноста за патување“ изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

158 санкции за брзо возење

M T