17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Пожари во Словенија, огнот брзо се шири па се стравува од експлозии од Првата светска војна

Словенечките пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во северозападниот дел на Карс, во близина на границата со Италија.

Повеќе од 180 пожарникари го гаснат огнот што избувна на тешкопристапен терен во долината Випава и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири кон селото Темница.

Командирот на Јавната противпожарна служба на Нова Горица, Симон Вендрамин изјави дека пожарот веќе ги зафатил Костањевица на Крас и Церје.

„ Пожарот зафатил тешкопристапен или непрооден терен во должина од еден километар“, рече тој.

Пожарникарите повикаа и помош, покрај хеликоптери за гаснење пожари и специјалисти за отстранување мини, бидејќи во таа област во Првата светска војна се случи најкрвавиот судир меѓу австроунгарската и италијанската војска и денес има многу неексплодирани убојни средства.

Засега не е јасно што го предизвикало пожарот, кој настанал само два дена откако пожарникарите со помош на два хеликоптери успеале да го изгаснат претходниот, кој избувнал недалеку од денеска.

Можеби ќе ве интересира

Во Словенија падна снег

M T

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила наследени од Југославија

M T

Десетгодишно момче подметнувало пожари на Лезбос

M T

Активни три пожари во Македонија, најголемиот е на Криволак

M T

Пожари беснеат во Велика Британија, гори земјиште од осум хектари

M T

Пожари на Халкидики: Пожарникарите работат на три локации

M T