3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Се урна руски воен транспортен авион има најмалку четворица загинати

Воениот транспортен авион „Иљушин Ил-76“ утрово се урна во централниот руски град Рјазан, при што загинаа четири лица, а петмина се повредени, пренесуваат руските агенции.

Авионот, како што е наведено во извештаите на новинските агенции се урнал откако еден од неговите мотори одеднаш се запалил.

Според првите информации, четворица починале, а пет лица се хоспитализирани, изјавил за руската агенција извор од Министерството за вонредни ситуации.

„Во 03:18 часот по московско време на 24 јуни 2022 година, Министерството за вонредни ситуации, одделот во регионот Рјазан беше информирано за авионската несреќа во градот Рјазан, а на теренот не е забележана штета“, изјавил овој извор.

Според информациите на Министерството за одбрана, несреќата се случила кога авионот извршувал тренажен лет.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Еве зошто повеќето авиони се претежно бели

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T

Што можете, а што не можете да понесете со себе од авионот – Еве што земаат патниците како сувенири

M T