8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Срамно „киднапирање“ на две држави

Премиерот на Албанија Еди Рама, по пристигнувањето на Самитот на ЕУ, повтори дека е срамота што една земја на НАТО, Бугарија, „киднапирала“ уште две членки, пренесуваат медиумите во регионот.

Добивај вести на вибер
Како што истакнал, таа земја ги блокираше Северна Македонија и Албанија, на нивниот европски пат, во време кога во европската заднина беснее жешка војна, а 26 земји мирно седат и ја покажуваат својата беспомошност.

Рама им рекол на новинарите дека ова е нов ден во Европа, но не и во Бугарија. Тој изјавил дека Албанија знае дека секогаш има некоја Бугарија на европскиот пат, но дека нема да го промени својот курс, дека ќе продолжи да ја гради Европа во својот дом.

„Отворен Балкан“ е реален одговор на ситуацијата во која го продолжуваме патот на интеграцијата бидејќи немаме алтернатива, додал тој.

На прашањето дали Косово треба да се приклучи на „Отворениот Балкан“, Рама одговорил дека иницијативата е отворена за сите. Според него, Албанија го прави своето, ги спроведува реформите и ќе продолжи не само затоа што тоа го бара Брисел, туку и затоа што тоа го бараат идните генерации.

На прашањето дали го поддржува кандидатскиот статус за Украина, Рама потсетил дека Северна Македонија е кандидат веќе 17 години, Албанија осум години и дека Украинците не треба да имаат многу илузии.

Можеби ќе ве интересира

Рама: Не треба да се врши притисок врз Србија

M T

Рама: Албанскиот народ никогаш не се откажа од европскиот сон

M T

Рама: Бидете внимателни со Србија

M T

Рама: Блиску сме до откривање гас и нафта во Албанија

M T

Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа

M T

Рама: Не е само ЕУ виновна, ние сме луди на Балканот, сите мислиме дека сме најстар народ

M T