5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

ОН: Светот е во глобална криза со храна

Дури 345 милиони луѓе се соочуваат со несигурност во снабдувањето со храна во 82 земји, што е двојно повеќе од бројката пред пандемијата на коронавирусот и војната во Украина, објави Светската програма за храна.

Овој број како што појаснуваат претставува зголемување за повеќе од 200 милиони луѓе во споредба со времето пред пандемијата, истакнуваат од оваа организација, пренесуваат регионалните агенции.

„Постои реален ризик глобалните потреби за храна да го надминат капацитетот на Светската програма за храна и другите организации да одговорат на нив“, се вели во извештајот на телото со седиште во Обединетите нации.

Имајќи ги предвид Етиопија, Сомалија, Јемен, Јужен Судан и Авганистан, од таму велат дека заедно бројките покажуваат дека ситуацијата е алармантна: „светот е во глобална криза со храна, најголема во поновата историја“.

Како одговор, агенцијата ќе прогласи глобална вонредна состојба за да спречи глад и смрт.

Од таму соопштуваат дека во 2022 година се обидуваат да им помогнат на рекордни 151,6 милиони луѓе, што е зголемување во споредба со 128 милиони во 2021 година.

„WFP се соочува со трикратен предизвик: оперативните трошоци растат, бројот на акутно гладни е најголем досега, а финансирањето за хуманитарни операции се намалува“, се вели во Извештајот.

Недостигот на извоз на големите производители на жито во Русија и Украина предизвика пораст на цените, а војната го наруши земјоделското производство во Украина, наведуваат од агенцијата.

Можеби ќе ве интересира

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Пердасдефогу – Градот со најмногу стогодишници во светот

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

M T

Мангер: Доларот ќе стане безвреден, на светот му се заканува целосен колапс

M T