11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ардерн: Нашата намера е да и помогнеме на украинската армија да ја одбие бруталната руска инвазија

Министерот за одбрана на Нов Зеланд, изјави дека оваа земја ќе испрати авиони Ц-130 Херкулес и 58 војници во Европа со цел дополнително да ја поддржи Украина по руската инвазија.

Покрај него и премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн најави дека најавила дополнителен пакет поддршка за борбата против руската инвазија од 13 милиони долари за набавка на оружје и муниција.

„Нашата намера е да и помогнеме на украинската армија да ја одбие бруталната руска инвазија бидејќи мирот во Европа е суштински за глобалната стабилност“, рече таа.

Воената помош за Европа од Нов Зеланд ќе се доставува преку Велика Британија, но од кабинетот на Ардерн велат дека нивните војници нема да влезат во Украина и нема да учествуваат во борбите на фронтот.

Таа смета дека ваквиот напад на суверенитетот на една земја е закана за сите и затоа Нов Зеланд треба да направи се за да помогне.

„Глобалниот одговор на кризата е невиден износ на воена поддршка ветена на Украина и итно е потребна дополнителна помош за транспорт и дистрибуција“, рече таа.

Оваа вест беше потврдена на Твитер.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Петровска-Брнз: Соработката помеѓу САД и Северна Македонија на највисоко ниво, заеднички го менуваме ликот на Армијата

M T

Премиерката на Нов Зеланд: Ќе станеме република, но не наскоро

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Нов Зеланд помага во обуката на украинските војници

M T

Украинската армија тврди дека десетици Руси загинале во борбите во Херсон

M T