18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нов Зеланд помага во обуката на украинските војници

Нов Зеланд испрати 120 војници во Велика Британија за да помогнат во обуката на украинските војници, соопшти денеска владата во Велингтон.

Испратените војници ќе можат да формираат два тима за обука на пешадија за да ја подготват украинската армија за борба.

Обуката на околу 800 украински војници ќе се изведува на една од четирите локации во Британија, а војниците од Нов Зеланд нема да патуваат во Украина, додаде владата на Нов Зеланд.

„Бевме јасни дека нападот врз суверенитетот на една земја и загубата на невини животи не е прифатлив и не може да се толерира. Не само што ќе го осудиме овој напад со зборови, туку ќе обезбедиме и конкретна поддршка“, рече премиерката Џасинда Ардерн.

Таа нагласи дека војската на Нов Зеланд нема да учествува во борбите во Украина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерката на Нов Зеланд: Ќе станеме република, но не наскоро

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Нов Зеланд претстави закон со кој може да се забрани пушењето за идните генерации

M T

Украински војници пристигнаа во Велика Британија на обука

M T

Нов Зеланд испраќа војници во Велика Британија за обука на украинската армија

M T

Министерот Спасовски на завршната обука за криумчарење на мигранти и други облици на транснационален криминал

M T