17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Русија обвинета за предизвикување глобална криза со храна

Русија беше обвинета пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека предизвикува глобална криза со храна и ги става луѓето во ризик од гладнување со започнување на војната во Украина, која е „корпа за леб“ на Европа.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја започна оваа војна. Владимир Путин ја создаде оваа глобална криза со храна. И тој е тој што може да го спречи“, изјави заменичката на државниот секретар на САД Венди Шерман на состанокот на Советот за безбедност посветен на хуманитарната ситуација во Украина.

„Одговорноста за водење војна во Украина – и за ефектите од војната врз глобалната безбедност на храната – лежи исклучиво на Русија и на претседателот Путин“, рече таа.

Францускиот амбасадор во ОН Николас де Ривиер истакна дека руската агресија против Украина го зголеми ризикот од глад во светот и дека прво ќе биде погодено населението на земјите во развој.

„Русија несомнено ќе се обиде да не убеди дека токму санкциите против неа создаваат нерамнотежа во глобалната ситуација со безбедноста на храната“, додаде Де Ривиер.

Амбасадорот на Москва во ОН, Василиј Небенсија, рече дека потенцијалните турбуленции на глобалниот пазар на храна всушност биле предизвикани од нескротливата хистерија на санкции што Западот ги воведе против Русија.

Шерман и директорот на Светската програма за храна Дејвид Бисли известија дека Украина и Русија, кои се исто така главни производители на жито, сочинуваат 30 отсто од светскиот извоз на пченица, 20 отсто од пченката и 75 отсто од сончогледовото масло.

Европската Унија во петокот објави иницијатива за ублажување на недостигот на храна предизвикан од војната. ЕУ и САД сакаат мултилатерална посветеност за ограничување на извозот на земјоделски суровини.

Помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Џојс Мсуја рече дека конфликтот во Украина се заканува да ја влоши ситуацијата во најголемите хуманитарни кризи во светот, како што се Авганистан, Јемен и Рогот на Африка, каде што несигурноста на храната е веќе проблем.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T