20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Триесет години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Хрватска

По повод јубилејот 30 години дипломатски односи, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари пригодна средба со амбасадорката на Република Хрватска во нашата земја, Нивес Тигањ.

„Северна Македонија е горда на успешната соработка со Хрватска, во која гледаме искрен и посветен пријател, не само во негувањето на нашето блиско партнерство, туку и во промовирањето на нашите заеднички цели и интереси“, истакна министерот Османи и додаде дека инвазијата врз Украина покажа колку е значајно да се биде сојузник и партнер, применувајќи го принципот на солидарност, во одбраната на европските вредности, но и правото на секоја држава да ја сочува својата независност и суверенитет.

„Искрено верувам дека со уште по засилен интензитет, и во иднина ќе славиме и одбележуваме многу значајни јубилеи на нашите две пријателски земји“, изјави Османи.

На 30 март 1992 година, двете држави воспоставија дипломатски односи, со што почна процес на градење на интензивни пријателски врски кои се карактеризираат со континуиран дијалог и волја за сестрана соработка во бројни области од заемен интерес. Односите меѓу Северна Македонија и Хрватска, од денешна перспектива, се засноваат на взаемна доверба и партнерство, како на билатерален план, така и во рамките на Евро-Атлантските интегративни процеси. Во НАТО сме веќе сојузници, додека во Европската Унија имаме безрезервна поддршка од Хрватска, која е силно посветена и свесна дека тоа е најдобриот пат за развојот на нашиот регион и за стабилноста на Европа.

Цврстата определеност на двете земји за негување и развивање на таквите односи се втемелени во Договорот за пријателски односи и соработка од 1994 година. Заедничките стратешки цели и интереси за траен мир, стабилност и просперитет на регионот и пошироко ги одбележуваат изминатите 30 години пријателство и партнерство.

Таквиот позитивен развоен тренд присутен е и во економската и културна соработка, но и во сите други сегменти од нашето живеење и напредок. За одбележување е и одличната и конкретна соработка во делот на заштита на националните малцинства, кои претставуваат значајна алка која дополнително ги поврзува нашите две земји, и која може да служи како пример за сите други држави.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

M T

Михаел Рот денеска во Македонија на средби со државниот врв

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T