5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Непријателот не знае што да очекува од нас – Зеленски не открива детали за новата американска воена помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека му е благодарен на американскиот претседател Џо Бајден за дополнителната воена помош, но не сакаше да прецизира што точно вклучува новиот пакет, бидејќи не сака да и открива информации на Русија.

– Ова е наша одбрана, кога непријателот не знае што да очекува од нас. „Затоа што не ни знаеја што ги чека по 24 февруари, денот кога Русија изврши инвазија“, рече Зеленски.

– Не знаеја што треба да браниме, ниту како сме подготвени да го примиме ударот – додаде Зеленски.

Тој наведе и дека Русија очекува да ја најде Украина во иста состојба како во 2014 година, кога, како што тврди, без борба го окупирала Крим и ги поддржувала сепаратистите додека тие ја преземале контролата врз источниот регион Донбас.

– Но Украина сега е друга земја, со многу посилна одбрана – рече Зеленски.

Тој исто така рече дека не е време да се открие тактиката на Украина во тековните преговори со Русија.

– Работете повеќе во тишина отколку на телевизија, радио или Фејсбук. Мислам дека тоа е вистинскиот пат – нагласи Зеленски.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Рогов: Зеленски е предавник и странски шпион

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Зеленски: Русија насекаде остава смрт, мора да одговара за тоа

M T

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски доживеа сообраќајна несреќа

M T