5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Загрижен сум, на војската ѝ дадов наредба да биде подготвена

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше ситуацијата во Украина.

„Загрижен сум. Нашата позиција не е лесна. Политичкиот притисок врз Србија поради одлуката на Путин ќе се зголемува. Само она што го доживеав во последните три дена ги потврдува моите зборови“, рече Вучиќ.

„Претстои тежок период за Србија. Денеска по седницата како врховен командант издадов наредба до армијата во секое време да биде на најдобар можен начин подготвена. Продолжуваме да го купуваме она што е најдобро за одбраната на земјата“, рече Вучиќ.

„Политичката и безбедносната структура на светот се урива. Сè што знаевме до вчера веќе не важи. Нашата посветеност на мирот мора да биде цврста и силна. Луѓето мислат дека мирот се зема здраво за готово. Денес гледате дека мирот во светот не е нешто што се подразбира. Ова навистина го менува светскиот поредок. Како што предвидовме, нафтата во моментот скокна“, рече Вучиќ.

Тој рече дека имал важен разговор со Макрон за ситуацијата во регионот.

„Постојат стравувања дека сето ова може да се прошири и во другите делови на Европа и светот, вклучително и на Западен Балкан. Бидејќи добро го познавам Путин, јас бев еден од ретките во Европа и светот кој можеше да каже во која насока ќе оди ова, без наше влијание“, рече Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

Кремљ: Немаме сознанија дека нашата војска користи ирански дронови

M T

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

M T

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

Вучиќ му врачи орден на Орбан: „На големиот пријател на Србија“

M T

Вучиќ: Одговорната политика не може да почива на митови

M T

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

M T