7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувајќи на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените сили во Белград, истакна дека многу години пред смртта Екмечиќ ги предвидел сите актуелни настани и конфликтот во Украина и светската економска криза.

Посочи дека денес е тешко да се прифати аголот во кој ќе се заштити државата, а да не се навредат срцата на народот.

„Многу сум загрижен за исходот на некоја нова сталинградска битка, доколку се случи. Останува прашањето што ќе правиме со себе и дали ќе успееме да ги зачуваме и левиот и десниот брег на Дунав за нашиот народ. И со тој завет треба да гледаме во иднината. Екмечиќ знаеше што е потребно за српското срце и душа, но и секогаш се сеќаваше што треба за српската глава“.

„Ќе видите и самите, без оглед на одлуките кои сме ги донеле морам да кажам дека се плашам од она што и претстои на Србија, сега повеќе од кога било“.

На крајот, претседателот рече дека „најважно е да се грижиме за нашето семејство и за нашата земја“.

„Ни претстои тежок период, потежок отколку што имавме во деведесеттите. Сето тоа, без разлика какви одлуки сме донеле, нема да го смени фактот дека се плашам повеќе од кога било од она што ја чека Србија. Да се ​​грижиме за нашето семејство и нашата земја, Србија“.

„Се плашам дека битката за Сталинград ќе дојде многу побрзо отколку што очекуваме и каков ќе биде исходот“, рече Вучиќ и додаде дека веројатно претстои најтешкиот период, можеби и потежок од деведесеттите години.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

Вучиќ му врачи орден на Орбан: „На големиот пријател на Србија“

M T

Вучиќ: Одговорната политика не може да почива на митови

M T

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

M T

Вучиќ: Економската иднина зависи од успехот на „Отворен Балкан“, можеме да го направиме тоа побрзо, посилно и подобро

M T

Брнабиќ: Од 2016 година Вучиќ ни малку не се промени, неговите принципи останаа исти

M T