16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лукашенко: Тврдењата дека сме подготвени да ја нападнеме Украина се глупости

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го оцени како глупост тврдењето дека е подготвен да ја нападне Украина.

„Слушајте, тоа никогаш не ми требаше, не ми треба ниту сега. Но она што украинските власти го прават против Белорусија е вон памет “, рече Лукашенко на средбата со украинскиот политичар Александар Мороз, пренесоа агенциите.

Зборувајќи за тоа кога руските војници ќе бидат повлечени од Белорусија, каде што се водат заеднички воени вежби, Лукашенко рече дека Американците префрлаат илјадници војници на границата со Белорусија, директно во Полска и балтичките земји.

„Британците и другите европски земји ги префрлаат своите вооружени сили. Разумното прашање е: кога ќе ги извлечете одовде?“, рече Лукашенко.

Тој посочи дека западните земји не зборуваат за тоа, туку вршат притисок врз Белорусија.

Изјави дека руските војници ќе се повлечат од Белорусија кога ќе се донесе одлука со претседателот на Русија и кога ќе завршат вежбите.

„Ние ќе носиме одлуки, ова е наша територија“, нагласи Лукашенко.

Во Белорусија во тек е заедничка руско-белоруска воена вежба, во услови на ескалација на тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T