13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Макрон: Путин ме увери во неговата подготвеност да ја одржи стабилноста на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Москва се сретна со рускиот лидер Владимир Путин, по што се упати во Киев.

Макрон разговараше со Путин и се обиде да ја одврати Москва од инвазијата на Украина, додека Путин посочи дека ќе бара компромис како договор.

Путин му рекол на Макрон дека Русија ќе направи се што е во нејзина моќ за да постигне компромис кој одговара на сите. Исто така, по разговорот кој траеше повеќе од пет часа, Путин истакна дека Макрон изнел неколку предлози, кои се можни како основа за понатамошни чекори.

– Претседателот Путин ме увери во неговата подготвеност да се вклучи во таа смисла и во неговата желба да ги задржи стабилноста и територијалниот интегритет на Украина – рече Макрон.

„Следните денови ќе бидат одлучувачки и ќе бараат интензивни разговори што ќе ги имаме заедно“, додаде Макрон.

Француското претседателство рече дека предлозите вклучуваат обврска од двете страни да не преземаат нови воени дејствија.

Инаку, Макрон беше првиот врвен западен лидер што се сретна со Путин од почетокот на кризата во декември.

– Доколку Украина влезе во НАТО и се обиде да го врати Крим со воени средства, европските земји автоматски ќе бидат вовлечени во воен конфликт со Русија – рече Путин, нагласувајќи дека нема да има победник.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T