6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата, СЗО и НАТО меѓу номинираните за Нобеловата награда за мир

Британскиот новинар и натуралист Дејвид Атенборо, Светската здравствена организација и белоруската дисидентка Светлана Тихановскаја се меѓу номинираните за овогодинешната Нобелова награда за мир, откако добија поддршка од норвешките пратеници кои имаат искуство во изборот на добитникот.

Меѓу кандидатите за ова признание се и Грета Тунберг, папата Франциско, владата на национално единство на Мјанмар, која беше формирана од противниците на минатогодишниот пуч и министерот за надворешни работи на Тувалуа Сајмон Кофе, се наведува во соопштение на норвешките пратеници.

За награда номинирани се и рускиот дисидент Алексеј Навални, кој е во затвор, Меѓународниот кривичен суд во Хаг, „Викиликс“ и Челси Менинг, НАТО, хуманитарната организација CARE, иранската активистка за човекови права Масих Алинеџад и Арктичкиот совет кој е меѓувладин форум за соработка на арктичките земји.

Илјадници луѓе ширум светот, од членови на парламентот до поранешни добитници на оваа награда, имаат право да номинираат кандидати.

Меѓутоа, норвешкиот комитет за Нобеловата награда, кој одлучува кој ќе ја добие наградата, не ги коментира номинациите, држејќи ги во тајност имињата на предлагачите и оние кои не успеале цели 50 години.

Победникот за 2021 година ќе биде објавен во октомври.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Папата: Украинците се маченички народ кој се соочува со тортура

M T

Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T

Папата сака да ја посети Северна Кореја, ги повика властите да го поканат

M T

Русија: Игнорирањето на НАТО на црвените линии на Москва е ризично

M T