8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Комисијата за заразни болести со нов состав, Петличковски е претседател

Комисијата за заразни болести од денеска има нов состав, а со неа ќе раководи Александар Петличковски, на местото на Жарко Караџовски кој што останува член на Комисијата.

Министерот за здравство, Беким Сали, на прес-конфенеција ги соопшти имињата на членовите. Дел од неа ќе бидат и Кристина Ставриди Шабан Мехмети, Калина Грифчева Старделова, Невзат Елези, Дугаџин Османи, Иринка Сотирова Бухова, Катерина Ставриќ, Милена Стевановиќ, Звонко Миленковиќ, Фадил Цана, Марија Димзова, Илир Демири, Виктор Исјановски, Лилјана Деспотовска Ристовска, Нико Беќаровски, Арбен Лабаништа, Марија Дуганова, Сузана Маневска, Јованка Костовска, Златко Арсениевски, Драган Ѓорѓиевски, Грета Николовска и Марија Милкова.

Злате Мехмедовиќ е избран за член и портпарол на Комисијата.

Министерот Сали рече дека Комисијата ќе се состанува на редовни состанови секој вторник, а по потреба и почесто.

Новиот претседател Петличковски, кажа дека новиот состав нема да работи на принцип: „во Англија се фрлија маските па и ние ќе ги фрлиме“, додавајќи дека има и други примери. Тој по денешниот состанок најави дека во второто полугодие ќе се врши скриниг во училиштата со брзи тестови.

„Последните анализи покажаа дека стапката на инфицирани од 12 до 18 години е мала, па затоа е одлучено да се продолжи наставата со физичко присуство“, рече Петличковски.

Засега нема да се укинуваат ковид-сертификатите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата денеска пред законодавно-правната комисија во Собранието

M T

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19

M T

Ситуацијата е под контрола, нема потреба од нови мерки

M T