3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Омикрон хара низ целата планетата: Кои се најчестите симптоми на инфекција со оваа варијанта

Омикрон варијанта на коронавирусот е сè поприсутна ширум светот.

Иако неодамна се појави, се чини дека омикрон ќе стане доминантна варијанта.

Се чини дека единствената добра работа во целата приказна е што не предизвикува толку тешки симптоми како претходните варијанти.

Како што се повеќе луѓе се инфицираат, така се зголемуваат и најчестите симптоми на кои се жалат заразените.

Научниците, кои ги следат симптомите пријавени од пациентите, велат дека првите пет најчести се преклопуваат со варијантата на делта.

– течење на носот
– главоболка
– замор
– кивање
– воспалено грло

Симптомите може да варираат од личност до личност, во зависност од тоа дали тие биле вакцинирани и колку дози примиле. Експертите тврдат дека омикрон предизвикува поблаги симптоми од претходните варијанти, доколку сте биле вакцинирани.

„Секој пациент кој добил бустер и бил заразен со коронавирус имал благи симптоми. Под тоа мислам на болки во грлото, замор и болки во мускулите, без тешкотии при дишењето или отежнато дишење“, објави д-р Крег Спенсер на Твитер.

Тој додаде дека речиси секој пациент кој морал да биде хоспитализиран е невакциниран.

Други симптоми:
– морници или треперење
– Кашлица
– отежнато дишење и проблеми со дишењето
– болки во мускулите
– замор
– главоболка
– губење на вкус и мирис
– воспалено грло
– затнат нос или течење на носот
– гадење и повраќање
– дијареа

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Извршниот директор на Модерна тврди дека постојат сигурни индикации дека пандемијата е во завршна фаза

M T

Израелски функционер: Ковид-19, веројатно, никогаш нема да исчезне

M T

Град со 3,6 милиони луѓе во карантин поради 99 случаи на Ковид-19

M T

Директорот на Центарот Гамалеја – Спутник лајт обезбедува тримесечна заштита од омикрон

M T

Најнова студија: Две третини од Британците кои се заразиле со омикрон, претходно прележале ковид

M T