16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Очекувајте снег и дожд, но и постудено време – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Утре и во недела по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Прогноза за 09.01.2022
Минимална температура: 3°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите во западните делови ќе се интензивираат и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Прогноза за 10.01.2022
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 5°C до 9°C
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 11.01.2022
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Променливо облачно и студено, претпладне со локален дожд, а на планините и на некои повисоки места снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.