6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Бројките на новозаразени во Шпанија растат – учениците сепак се враќаат во училиште

Учениците ќе се вратат во училиштата во Шпанија на 10 јануари, а тоа важи и за студентите на универзитетите, потврди денеска Министерството за здравство и стави крај на шпекулациите дека рекордните инфекции со омикрон може да предизвикаат наставата да се одвива онлајн.

Бројот на случаи во Шпанија достигна нови рекорди откако пред два месеца беше потврден високозаразниот сој омикрон на коронавирус, што ја зголеми загриженоста дека децата нема да можат да се вратат на училиште по божиќните празници.

Официјални лица од 17 шпански региони, кои се одговорни за здравствената политика во нив, денеска гласаа за враќање во училниците, а физичкото присуство на сите шпански ученици во училиштата од 10 јануари, на новинарите им го потврди министерката за здравство Каролина Дариус по регионалната средба.

Маските ќе бидат задолжителни во секое време и училиштата мора да гарантираат соодветна вентилација, додека регионалните администрации ќе работат на покривање на сите отсуства на наставници поради инфекција, рече таа.

Стапката на заразност на национално ниво, измерена во последните 14 дена, достигна нов рекорд од 2.296 случаи на 100.000 луѓе во понеделникот, што е зголемување за повеќе од 10 пати во споредба со почетокот на декември.

Притисокот врз болниците е во пораст, но сè уште е далеку од она што беше пред една година.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во училиштата во Чешка, наместо греење, на учениците им дале ќебиња

M T

Ковачевски: Среќен почеток на новата учебна година

M T

Пронајдени телата на 7 мигранти кои се удавија при обид со брод да стигнат до Шпанија

M T

Шпанскиот премиер: Ја поддржуваме Србија кога станува збор за Косово

M T

Над 500 жртви во Шпанија поради топлотниот бран

M T

Шаќири: Наша мисија е да обезбедиме еднакви услови за сите ученици

M T