24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО: Внимателно го следиме новиот сој на коронавирусот откриен во Франција

Експертот на Светската здравствена организација, Абди Махамуд, денеска изјави дека СЗО од ноември будно го следи новиот сој на коронавирусот Б.1.640.2, кој беше регистриран од научници во Франција.

Постојат три типа на соеви – оние што ги следиме, оние што предизвикуваат интерес и оние што предизвикуваат загриженост, рече Махамуд на брифинг во Женева, пренесуваат агенциите.

Тој додаде дека СЗО од ноември го следи сојот Б.1.640.2, како и две негови подваријанти.

Според Махамуд, СЗО ќе продолжи да го следи вирусот, вклучително и неговото можно ширење во другите европски земји.

Претходно, медиумите објавија дека експерти од Универзитетската болница во Марсеј откриле нов сој на коронавирус и привремено го нарекле Б.1.640.2. Според првите податоци, на југот на Франција од овој сој се заразени 12 лица.

Нултиот пациент е повратник од Камерун, пишуваат светските медиуми.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

Експертите на СЗО одлучуваат дали да воведат вонредна состојба поради мајмунските сипаници

M T

СЗО: Треба да го смениме името на МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ

M T