14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдени телата на 7 мигранти кои се удавија при обид со брод да стигнат до Шпанија

Шпанската полиција денеска соопшти дека пронашла тела на седум мигранти за кои веруваат дека се удавиле додека се обидувале со брод да стигнат до Шпанија.

Телата се пронајдени меѓу саботата и понеделникот во водите во три области во близина на југоисточниот брег на Шпанија, соопшти Цивилната заштита.

Полицијата верува дека сите седум жртви се по потекло од Северна Африка. Во тек е истрага дали жртвите дошле од чамецот кој беше пронајден како плута во саботата со еден жив мигрант.

Секоја година, илјадници мигранти од земјите на северозападна и субсахарска Африка се обидуваат да стигнат до Шпанија со чамци.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

M T

Во масовна гробница во Изум пронајдени повеќе од 440 тела

M T

Масовна гробница со околу 440 тела е пронајдена на истокот на Украина

M T

Во телата на петмина Иранци биле пронајдени околу седум килограми дрога

M T

Приведени криумчари на мигранти

M T

Приведен криумчар на мигранти

M T