17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Путин: Русија сака да избегне конфликт со Украина и со Западот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија добила генерално позитивен одговор на безбедносните предлози што ги доставила до САД овој месец и дека преговорите ќе започнат на почетокот на следната година во Женева.

„Русија сака да избегне конфликт со Украина и Западот“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова не е нашиот посакуван избор, ние не го сакаме тоа, се надевам дека во 2022 година ќе постигнеме колективен имунитет“, рече Путин на годишната прес-конференција.

Тој изјави дека се надева оти Русија ќе вакцинира доволно луѓе за да постигне колективен имунитет на Ковид-19 следната година.

Од тие причини Путин ги повика граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, пренесуваат агенциите.

„Русија не може да биде поразена, туку само уништена одвнатре“ рече Путин додавајќи дека опкружувањето на Русија е тешка задача, но дека околу неа се појавуваат се повеќе и повеќе нови странски воени бази.

„Базите се насекаде наоколу – тоа е вистина. Нови системи за оружје се распоредуваат на исток, југ, север и морето и сè повеќе на запад. Но, опкружувањето на таква територија како нашата е тешка задача“, рекол Путин.

Рускиот претседател изјави дека пред државниот удар во Украина, на Русија не ѝ паднало на памет повторно да го обедини Крим со Русија.

Инаку новинарите на конференцијата на Владимир Путин, според извештаите, ќе се дезинфицираат со честички од сребро, тоа го потврдила и портпаролката на Одделот за претседателски имот, Елена Крилова.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T