Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Путин му вети на Вучиќ дека цената на гасот за Србија нема да се менува

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека неговиот руски колега, Владимир Путин, се согласил цената на гасот за Србија да не се менува во следните шест месеци и дека ќе остане 270 долари за 1.000 кубни метри, пренесоа белградските медиуми од Сочи.

Вучиќ за ТВ Пинк во Сочи, каде што се сретна со шефот на руската држава, изјави дека во следните шест месеци ќе се зголемат количините на гас за Србија, оценувајќи дека е обезбедена и флексибилност во снабдувањето.

Тој со Путин разговарал за долгорочен договор, но кажа дека не може да зборува за неговите елементи додека не биде официјализиран.

Вучиќ посочил дека поставени се некои рамковни елементи, врз основа на кои Србија ќе има посебна цена и зголемување на обемот на испораките на гас и по истекот на шесте месеци.

Со цена од 270 долари, истакна Вучиќ, Србија заштеди повеќе од 300 милиони евра за шест месеци, во споредба со она што би го платила доколку купува гас по тековните берзански цени.

Како што нагласи тој, Србија нема да има проблеми со снабдувањето со гас, а со тоа ниту со струја, ниту со парно.

„Ова е спас за нас“, рече Вучиќ, тврдејќи дека во тричасовниот разговор Путин му поставил 90 прашања од различни области и дека „нема тема што не е допрена“.

Тој изјави дека разговарале за ситуацијата во Косово и регионот и дека го информирал шефот на руската држава за надворешните притисоци со кои се соочува Србија и за ситуацијата на северот на Косово.

Можеби ќе ве интересира

Холандија го зголемува производството на гас, граѓаните стравуваат од земјотреси

M T

Путин: Божик е посебен празник кој ги исполнува срцата со радост

M T

Вучиќ за исчезнатиот Хрват: Надлежните веќе имаат скица што се случило

M T

Путин и Ердоган разговараа за руските предлози за безбедносни гаранции

M T

Бајден и Путин денеска разговараат телефонски – Главна тема е руската армија на границата со Украина

M T

Путин со новогодишна порака до Бајден: Русија и САД се одговорни за меѓународната стабилност

M T