17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО: Опаѓа бројот на заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со Ковид-19 и смртни случаи од оваа болест во светот продолжи да опаѓа минатата недела, објави Светската здравствена организација.

Помеѓу 13 и 19 септември, имаше нешто повеќе од 3,6 милиони нови случаи на инфекција и нешто помалку од 60.000 смртни случаи.

„Ова го зголеми кумулативниот број потврдени случаи ширум светот на околу 228 милиони“, изјавија од СЗО.

Голем пад на бројот на случаи имаше во источниот Медитеран и во Југоисточна Азија.

Најмногу нови инфекции има во САД (1.107.644), Индија (211.242), Велика Британија (203.077) и Турција (183.962).

Бројот на смртни случаи во светот во споредба со претходната недела е помал за 7 проценти. Од почетокот на пандемијата, 4,6 милиони луѓе починаа од Ковид-19, соопшти СЗО.

Најголем број на нови смртни случаи има во САД (12.896), Русија (5.469), Бразил (3.727) и Мексико (3.689).

Можеби ќе ве интересира

89 нови лабораториски случаи Ковид 19

M T

Мобилна апликација може да детектира Ковид-19 според анализа на гласот

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

Откриен нов тест за мерење на антитела на Ковид, дознајте СЕ дома

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T

Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите

M T