Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична за измамник што од двајца кичевци зел 14.700 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против 42-годишен охриѓанец со иницијали М. Р. поради сомнение за сторено кривично дело измама.

Како што информираат од МВР, тој во периодот од март до мај годинава довел во заблуда двајца кичевци ветувајќи им дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и комби.

За таа цел, оштетените во неколку наврати на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК