3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Соединетите Американски Држави ќе ги удвојат своите донации во борбата против ковид-пандемијата

САД ќе ги удвојат донациите на вакцината против Ковид-19 и ќе се обидат да ја соберат меѓународната заедница околу една многу амбициозна цел, 70-процентна вакцинираност во секоја земја во светот во рок од една година, рекоа високи американски владини претставници, соопштија медиумите во светот.

Вашингтон ќе купи и дистрибуира 500 милиони дополнителни дози на „Фајзер“ за земјите во развој.

Така, двојно зголемениот број дози што треба да ги распределат САД ќе достигне речиси 1,1 милијарда, изјавија американски извори.

Веста треба официјално да ја објави и американскиот претседател, Џо Бајден, на виртуелен самит што го организира во борбата против пандемијата.

„Тоа е огромна обврска од САД. За секоја доза што ја даваме во нашата земја, ќе им дадеме три дози на другите држави”, велат извори кои сакаат да останат анонимни.

Вакцините ќе се купат по пазарна цена и ќе бидат упатени до примателот преку меѓународниот механизам „Ковакс“.

До денес, САД испратија околу 160 милиони дози во повеќе од 100 различни земји

Самитот в среда треба да трае четири часа и да ги собере лидерите од повеќе од 100 земји, објавија извори.

Според американските медиуми, Џо Бајден сака на настанот да објави „амбициозна цел“ за секоја земја, вклучително и најсиромашната, да достигне стапка на вакцинација од 70 проценти, пред следната сесија на Генералното собрание на ОН, а тоа значи за една година.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T

Може да се појават здравствени проблеми: Загревањето храна во пластични садови е штетно

M T